Државна дума: Продолжувањето на санкциите е „гест на очај“ на Обама

Државната дума не гледа трагедија во продолжувањето на антируските санкции од страна на САД и го нарекуваат тоа „гест на очај“ на американскиот претседател Барак Обама, пренесува ТАСС.

Државната дума не гледа трагедија во продолжувањето на антируските санкции од страна на САД и го нарекуваат тоа „гест на очај“ на американскиот претседател Барак Обама, пренесува ТАСС.

„Тоа е гест на очај од страна на Барак Обама“, изјави првиот заменик-претседател на Комитетот за економска политика, иновациски развој и претприемништво на Државната дума Михаил Емелјанов. Тој смета дека „пресметките дека со помош на овие санкции ќе се успее да се смени политиката на Русија, пропаднаа". „Други начини за влијание врз Русија американскиот претседател не смисли“, додаде Емелјанов.

Пратеникот исто така го истакна крајно нискиот ефект како на американските, така и на европските санкции насочени против РФ. „Тие имаат негативни последици за самите тие земји, затоа што настрадаат во поголема мера нивните државни компании, а руските контрасанкции им нанесоа многу сериозна штета, особено на земјоделството на Европа, додека за нашите производители контрасанкциите беа извонредно полезни“, објасни Емелјанов.

Така што рестриктивните мерки од страна на Европа и САД се полезни за нашата економија. Обама ни дава уште повеќе време за да ги затвори своите пазари за американски стоки и активно да почне со увозна замена.

Како што соопшти синоќа прес-службата на Белата куќа, претседателот на САД Барак Обама ги продолжи за една година бројните санкции воведени претходно против Русија во врска со кризата во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња