НПП „Ѕвезда“ во март ќе произведе демонстративен модел на „реактивен ранец“ за космонаути, изјави за ТАСС генералниот директор на претпријатието Сергеј Поздњаков.
„Во моментов ја завршуваме работата за изработка на модел и планираме во март да биде готов, што ќе ни овозможи да вршиме тестирања врз него на специјален симулатор“, изјави Поздњаков.
Тој објасни дека по тестирањето, планирано е моделот да биде презентиран на претставници на Роскосмос, Центарот за обука на космонаути, РКК „Енергија“ и други заинтересирани организации. „Следниот чекор е изработка на модели за тестирање“ – прецизираше тој. Според него, за тоа ќе биде потребно веќе различно ниво на финансирање.
Почетните работи над „ранецот“ почнаа минатата година. Направата се изработува аналогно на американскиот систем SAFER (Поедноставена Помош за Спасување при Работа Вон Веселенско Летало) и е наменета за автоматско враќање на космонаутот кој се оддалечил на опасна далечина од вселенската станица. Во американскиот систем се користи рачно управување.
Советските и американските инженери веќе создаваа неколку прототипови „реактивни ранци“, од кои некои беа тестирани и во вселената. Во 1990 година ранецот „21 КС“ беше употребен во вселената од космонаутите Александар Серебров и Александар Викторенко, при што тие успеаја да маневрираат и да се оддалечат од станицата 60 метри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче