Чижов: Санкциите не се предмет на разговорите меѓу Русија и ЕУ

Брисел го направи проблемот со санкциите, Брисел треба да го реши, изјави постојаниот претставник на Русија во Европската унија Владимир Чижов во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесува ТАСС.

„Санкциите не се предмет на нашите разговори со ЕУ, истакна постојаниот претставник на Русија во Европската унија Владимир Чижов во интервју за телевизијата „Русија 24“, пренесува ТАСС. – Тие што го креираа проблемот, односно Европската унија, тие и треба да го решат. Како и кога – тоа прашање треба да им го поставите на нив“.

Чижов исто така изјави дека условите за одржување на самит Русија-Европска унија засега не се созреани, но може да се започне со подготовки за тоа.

„Што се однесува до изјавата на Жан-Клод Јункер дека условите за самит сѐ уште не созреале, се плашам дека тоа е навистина така. Самитот во секој случај ќе бара сериозна подготовка. Друга работа е тоа што со подготовката може да се започне уште сега, и може да се одложи на определено време“, изјави Чижов.

Денеска шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изрази став дека засега нема услови за одржување на самит Европска унија-Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња