Запад го потценува потенцијалот на обновата на вооружувањето на руската армија

Голем број западни аналитичари со скепса ја примија изјавата на командантот на ВМФ Русија за нов носач на авиони, пишува американското издание на „Национален интерес“.

Голем број западни аналитичари со голема доза на скептицизам ја примија изјавата на командантот на ВМФ Русија за проектирање на нов носач на авиони, пишува американското издание на „Национален интерес“ (The National Interest).

Изданието потсетува дека со иста таква скепса западните аналитичари се однеле и кон изјавата за модернизација на руските вооружени сили што ја даде Дмитриј Медведев кој во тоа време беше на чело на државата. „Странските аналитичари ја примија изјавата на Медведев како фалба, меѓутоа Русија оттогаш со неверојатна брзина воведува нови видови вооружување во својата армија, и тоа не остана незабележано во светот“, пишува списанието.

Командантот на ВМФ Русија Виктор Чирков деновиве изјави дека Криловскиот државен научен центар се наоѓа на почетната етапа на проектирање на нов носач на авиони. Новиот брод ќе може да носи до 100 авиони, што е за 10% повеќе во однос на аналогниот американски носач на авиони „Нимиц“. На Запад оваа информација ја примија со скепса. Така, американскиот воен кореспондент Давид Ејкс напиша: „Наведениот проект, најверојатно, ќе остане на хартија. Помина четвртина век по распадот на СССР, а сега Русија нема пари, вештини и индустриски можности за да изгради носач на авиони“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња