Инвестициската компанија LetterOne која припаѓа на акционери на руската „Алфа-груп", го купи нафтениот бизнис на германската RWE – компанијата RWE Dea, соопшти RWE. Сумата на зделката изнесува 5,1 милијарди евра.
Како што се вели во соопштението, зделката била склучена вчера. Усогласената цена изнесува околу 5,1 милијарди евра според тековниот курс.
Како што беше соопштено, Министерството за енергија и климатски промени на Велика Британија не издаде писмо со поддршка за склучување на зделката. Властите на Англија се плашат од можно проширување на санкциите врз руската L1 во иднина, што може да се одрази на експлоатацијата на нафтените полиња на Dea во Северното море. LetterOne не отфрла тужба со цел да се признае за незаконска одлуката на британската влада, доколку го блокира купувањето на активата од нафта и гас од страна на компанијата во Велика Британија.
Ова е прв случај една влада на западна земја да се искаже против зделка врз основа на фактот дека против нејзината руска странка можат да бидат воведени санкции (како што веќе беше сторено против низа бизнисмени од Русија). Другите земји во кои работи компанијата Dea не изразија несогласување со оваа зделка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче