Русија и Египет ќе потпишат договор за воена соработка

Русија и Египет планираат да потпишат договор за воена соработка кој во иднина ќе го определи правецот на соработка на двете земји во оваа сфера, соопшти министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, пренесува ТАСС.

Русија и Египет планираат да потпишат договор за воена соработка кој во иднина ќе го определи правецот на соработка на двете земји во оваа сфера, соопшти министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, пренесува ТАСС.

Започнувајќи го разговорот со својот египетски колега Сeдки Собхи, Шојгу истакна дека денеска тие ќе анализираат „што успеавме да сториме минатата година за зајакнување на билатералните врски на воено поле“.

„Важен исход од заедничката работа ќе биде потпишувањето на Договор меѓу владите на Руската Федерација и владата на Арапската Република Египет за воена соработка, овој документ долги години ќе го определува правецот на нашата соработка во воената сфера“, рече рускиот министер.

Шојгу предложи да се пристапи кон потполнување на спогодбата со „конкретна содржина“, ставајќи акцент врз заедничката борба против тероризмот. „Се разбира, во центарот на вниманието ќе бидат и прашањата за обука на египетски војници во високообразовните установи на Министерството за одбрана и низа други насоки кои се од заемен интерес“, истакна првиот човек на руското министерство за одбрана.

Според неговата проценка, Египет останува водечки партнер на Русија на Блискиот Исток, и во Москва „имаме цврста намера да ја продолжиме ефикасната соработка“ со Каиро во различни сфери. „Притоа се потпираме на принципите кои традиционално ја прават основата на односите меѓу народите на нашите земји – заемната почит и немешањето во внатрешните работи, зачувувањето на интегритетот и земањето предвид на интересите на другиот“, потенцираше Шојгу, истакнувајќи дека таквиот курс беше потврден во текот на февруарските разговори на лидерите на двете земји во Каиро.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња