Путин му врачи на Лукашенко орден „Александар Невски“

Владимир Путин го награди претседателот на Белорусија Александар Лукашенко со една од највисоките награди на Русија – орденот „Александар Невски“.

Претседателот на Белорусија е удостоен со една од највисоките награди на Русија – орденот „Александар Невски“. Лукашенко ја прими наградата од рацете на рускиот претседател Владимир Путин.

Како што е соопштено на веб-локацијата на Кремљ, Александар Лукашенко е награден „за големиот личен придонес за развојот на пријателските врски“ меѓу земјите и продлабочувањето на соработката во различни области.

Врачувајќи ја наградата, Путин истакна дека без личното учество на Лукашенко би било невозможно „не само формирањето на Сојузната држава, туку и на ЕАЕС“.

 Во текот на разговорите Александар Лукашенко ја повика Русија уште поактивно да оди по патот на интеграцијата. Според неговите зборови, „ќе биде непростливо да се загуби движењето напред, а уште повеќе вештачки да се прават некакви си демонтажи“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња