Убиството на Борис Немцов е една од последиците на зголемени ограничувања на дејствувањето на граѓанското општество во Русија. Ова во понеделникот го изјави претседателот на САД Барак Обама во интервју за агенцијата Reuters, пренесува ТАСС.
„Ова е симптом на климата, барем внатре во Русија, во која граѓанското општество, независните новинари и други луѓе кои се обидуваат да контактираат преку Интернет, се повеќе се чувствуваат загрозени дека нив ги ограничуваат“ смета Обама.
Притоа претседателот на САД изјави дека нема никаква претстава за тоа какви се во реалноста околностите за убиството на Немцов. Сепак, тој смета дека „зборувајќи за општите карактеристики, факт е дека слободата на говорот, слободата на собирање, слободната информација, основните граѓански права и слободи во Русија моментално се во многу полоша состојба отколку пред четири или пет, десет години“.
Првиот човек на руското МНТ Сергеј Лавров смета дека зборовите на претседателот на САД Барак Обама за убиството на политичарот Борис Немцов треба да му служат на чест.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче