Немцов постхумно ја доби највисоката државна награда на Украина

Претседателот на Украина Петро Порошенко постхумно го награди рускиот политичар Борис Немцов со орден на Слободата.

Претседателот на Украина Петро Порошенко постхумно го награди рускиот политичар Борис Немцов со орден на Слободата, се вели на сајтот на шефот на украинската држава, а пренесува ТАСС.  

„За нас, Украинците, Борис засекогаш ќе остане патриот на Русија и пријател на Украина. Неговиот живот докажува дека овие две работи можат да одат заедно, само тоа треба да се посака“, истакна Порошенко. 

Борис Немцов, кој беше еден од лидерите на руската политичка опозиција, трагично загина вечерта на 27 февруари во центарот на Москва. Денес се одржа свечената церемонија на неговиот погреб на која се собраа илјадници луѓе меѓу кои и високи политички функционери на актуелната влада и на опозицијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња