Москва ги смета за необјективни низа оценки кои се содржат во редовниот извештај на набљудувачката мисија за човекови права на ООН во Украина, беше соопштено од МНР РФ, а пренесува ТАСС.
„За жал, не е можно да се наречат сите оценки на набљудувачите објективни. Тие продолжуваат да користат информации од сомнителни извори и да извлекуваат врз основа на тоа неосновани заклучоци“, истакнаа во министерството.
„Сакаме да истакнеме дека целта на мисијата на Високиот комесар за човекови права е да даде вистинити, непристрасни оценки кои ќе придонесат за нормализирање на ситуацијата во земјата, - се вели во коментарот. – Во врска со тоа, сакаме уште еднаш да потсетиме дека Република Крим е субјект на Руската Федерација во согласност со легитимно изразената слободна волја на жителите на полуостровот и не спаѓа во мандатот на мисијата на ООН во Украина".
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче