По завршувањето на трилатералната средба за гас во Брисел, министерот за енергија на РФ Александар Новак изјави:
„Се договоривме количините кои во последно време беа испорачувани и денес се испорачуваат од Гаспром во одделни региони на југоистокот на Украина, нема да бидат земени предвид при определувањето на обемот на аванс според кој во рамките на зимскиот пакет денеска се реализира испораката на гас. Тоа ќе биде предмет на посебни договори за обемот и на одделни преговори“, изјави министерот, а пренесува РИА „Новости“.
„Барањето кое го имаме сега од украинска страна за испорака на гас изнесува 10 милиони кубни метри на ден“, изјави тој, додавајќи дека барањата за следните денови ќе зависат од побарувачката за гас.
„Затоа Гаспром ќе испорачува точно толку гас, колку ќе биде платено“, изјави министерот.
„Нашите украински колеги потврдија дека се подготвени да плаќаат за гас по потреба поаѓајќи од режимот на температурите и употребата на гас на територијата на Украина“, додаде Новак, прецизирајќи дека „не се подготвени да ги кажат количините“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче