Инвеститорите ја сметаат Русија привлечна за инвестиции

Над половина од анкетираните 500 влијателни светски претставници на бизнисот планираат да ги зголемат инвестициите во Русија под одредени услови во 2015 година, пишува Фајненшел Тајмс.

Над половина од 500 влијателни светски претставници на бизнисот, анкетирани од компанијата за консалтинг „Еј-Ти Кирни“ (AT Kearney), планираат да ги зголемат инвестициите во Русија „значително или умерено" во 2015 година доколку заврши конфликтот околу Украина, бидат укинати санкциите, а геополитичката тензија опадне, пишува весникот Фајненшел Тајмс.

Без оглед на сегашната ситуација, 50% анкетирани како и обично ја сметаат Русија за „рационална“ дестинација за инвестиции.

Низа банки истакнуваат дека акциите на руските компании се рекордно евтини и соодносот цена/добивка се наоѓаат под показателите за приxод од дивиденди, а тоа е сигнал за купување на хартии од вредност.

Според податоците на FDI Markets, во 2014 година во Русија беа пуштени во работа вкупно 178 проекти финансирани од странски инвестиции, за вкупна сума од $13 милијарди. За споредба, во 2011 година бројот на таквите проекти изнесуваше 396, а нивниот обем – околу $23 милијарди.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња