На листата на најбогати луѓе во светот на американскиот магазин Форбс објавена денес, влегоа 88 милијардери од Русија. Најбогат од нив е сопственикот на групацијата „Интеррос“ Владимир Потанин (60 на листата најбогати во светот). Неговиот имот се проценува на $14,8 милијарди.
Во 2014 година на листата од 200 најбогати луѓе Потанин осми со $12,6 милијарди. Првото место тогаш го заземаше трета година по ред Алишер Усманов.
Второто место за 2015 година го зазеде првиот човек на „Алфа-груп“ Михаил Фридман со имот вреден $14,7 милијарди (68 место), третото место му припадна на првиот човек на USM Алишер Усманов кој е проценет на $14,5 милијарди (71 место).
Потоа следуваат: сопственикот на групацијата „Ренова" Виктор Векселберг со 14,2 милијарди, (73 место), генералниот директор на „Северстаљ" Алексеј Мордашов со $13 милијарди (89 место), претседателот на „ЛУКОИЛ“ Вагит Алекперов со $12,2 милијарди, косопственикот на „НОВАТЕК“ Леонид Михелсон ($11,7 милијарди), сопственикот на НЛМК Владимир Лисин ($11,6 милијарди), сопственикот на „Волга Груп“ Генадиј Тимченко ($10,7 милијарди) и основачкиот акционер на групацијата „Онексим" Михаил Прохоров ($9,9 милијарди).
Единствена жена на листата со руски милијардери е сопругата на поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков Елена Батурина, чиј имот е проценет на $1 милијарда (1741 место).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче