Лавров вo Женева ќе се сретне со Кери

Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров денес во Женева ќе учествува во сегментот на највисоко ниво на 28 сесија на Советот за човекови права на ООН и ќе одржи низа билатерални средби со странски колеги, меѓу кои и со државниот секретар на САД Џон Кери, пренесува ТАСС.

Од МНР РФ истакнаа дека во текот на сесијата на советот Русија ќе истапи со иницијатива за донесување резолуција во врска со 70 години од завршувањето на Втората светска војна.

На маргините на сесијата Лавров ќе го отвори настанот на високо ниво со проблемот за заштита на христијаните. „Русија е сериозно загрижена за конфликтите на Блискиот Исток, кој од дамнина е центар на сите монотеистички религии. За жал, во текот на овие конфликти христијаните се подложени не само на опресија и дискриминација, туку стануваат жртви на активности кои потпаѓаат под дефиницијата за геноцид“, истакнаа од МНР РФ.

Покрај тоа, дипломатите обрнаа внимание на ситуацијата во Украина, „каде во текот на братоубиствената војна започната од киевските власти се уништуваат православни храмови и манастири, свештениците и верниците се подложени на заплашување и малтретирање од страна на украинските националисти“.

Лавров исто така ќе земе учество и на настаните поврзани со Конференцијата за разоружување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.