Амбасадорот на САД во Украина изјави дека постојат докази за присуство на руска војска во Донбас

„Ние сметаме дека руски генерали учествуваат во конфликтот во Донбас и дека руски офицери командуваат со тактичките војни операции во Донбас“, изјави амбасадорот на САД во Украина Џефри Пает.

„Ние сметаме дека руски генерали учествуваат во конфликтот во Донбас и дека руски офицери командуваат со тактичките воени операции во Донбас“, изјави амбасадорот на САД во Украина Џефри Пает.

Тој исто така изјави: „Ние знаеме дека регуларни единици на руската армија учествуваа во Дебаљцево“.

Москва повеќепати изјави дека не учествува во настаните на југоистокот на Украина, не е една од страните во внатреукраинскиот конфликт и дека е заинтересирана Украина да ја надмине политичката и економска криза. Москва истакнува дека сите обвинувања на нејзина сметка се неосновани.

Освен тоа, Киев веќе го призна отсуството на регуларни единици на руската војска во Донбас. Началникот на Генералштабот на ВСУ генерал-полковник  Виктор Муженко изјави дека Киев има информации за учество на одделни државјани на Русија и војници на руската армија во вооружениот конфликт во Донбас, но истовремено истакна дека украинската армија не води борби со регуларни единици на армијата на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.