„Аерофлот" во 2014 година доби 11,3 милијарди рубли оперативна добивка според Меѓународните стандарди за финансиски извештаи. По корекциите на „хартија“, се дојде до чиста загуба од 17,1 милијарди рубли, се вели во соопштението на авиопревозникот повикувајќи се на финансискиот директор на компанијата Шамил Курмашов, пренесува INTERFAX.RU.
"Групацијата покажа позитивна оперативна добивка, и покрај ефектот од надворешните економски фактори. Безготовинската ревалоризација на обврските за финансиски лизинг и слични еднократни корекции на „хартија“ вклучувајќи ги и оние поврзани со разликите во курсот, доведоа до чиста загуба според МСФИ во износ од 17,1 милијарди рубли", се наведуваат зборовите на Курмашов во соопштението на авиопревозникот.
Според финансискиот директор, чистата добивка согласно МСФИ прилагодена на влијанието на наведените фактори беше 10,8 милијарди рубли. Оперативната добивка во 2014 година изнесува 11,3 милијарди рубли.
Главен акционер во „Аерофлот" е Росимушчество (Федералната агенција за управување со имот) (51,17%), уште 5,7% има подружницата на компанијата „Аерофлот-финансии", 3,55% се во сопственост на државната корпорација „Ростех".
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче