Во Москва се одржа марш во спомен на Борис Немцов

Активности во спомен на копретседателот на партијата РПР-Парнас Борис Немцов се одржаа во главниот град и низа градови во земјата и странство, информира ТАСС.

Активности во спомен на копретседателот на партијата РПР-Парнас Борис Немцов, убиен ноќта на 28 февруари, се одржаа во главниот град и низа градови во земјата и странство, информира ТАСС.

МВР соопшти дека во маршот учествувале околу 21 илјада луѓе. На почетокот на маршот бројот на учесниците беше проценет на околу 7 илјади луѓе. Според организаторите на маршот, вкупно 50 илјади учесници биле дел од настанот.

Манифестацијата се одржа во мирна атмосфера. МВР соопшти дека пред почетокот на маршот бил приведен пратеникот во Врховната рада на Украина Алексеј Гончаренко.  

Активности во чест на Немцов имаше вкупно во 33 региони. Во Санкт Петербург учествуваа над 6 илјади луѓе. Манифестации се одржаа и во Владимир, Воронеж, Казањ, Екатеринбург, Нижни Новгород, Новосибирск, како и во Минск (Белорусија) и Вилнус (Литванија).   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња