Украина забрани Русите да влегуваат со пасош за внатрешна употреба

Русите од денес нема да можат да влегуваат на територијата на Украина со пасош за внатрешна употреба, соопшти денес МНР Украина.

На предлог на МНР Украина, Русите од денес нема да можат да влегуваат на територијата на Украина со пасош за внатрешна употреба. Прописите кои ја заоструваат постапката за преминување на границата стапија на сила денес, 1 март.

Русите кои веќе пристигнале на територијата на Украина пред 1 март, ќе можат да ја напуштат земјата врз основа на документите со кои влегле.

Покрај ова, украинските власти го разгледуваат прашањето за воведување на некои ограничувања за жителите на пограничните региони на Русија. Тие ќе можат да ја преминат границата единствено на меѓудржавни и меѓународни гранични премини, а рокот за престој на територијата на Украина ќе биде ограничен за нив 90 дена во текот на 180 дена од денот на првото влегување. Во моментов тие можат да престојуваат на пограничните територии во текот на 90 дена од денот на влегување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња