Салвини: Русија треба да ѝ биде сојузник на Европа во борбата против тероризмот

Русија треба да ѝ биде сојузник на Европа во борбата против тероризмот, изјави лидерот на италијанската опозициска партија „Северна лига“ Матео Салвини, а пренесува РИА „Новости“.

Русија треба да ѝ биде сојузник на Европа во борбата против тероризмот, затоа што таа е држава со коа треба да се води дијалог, а не да се расправа. Ова е мислењето на лидерот на италијанската опозициска партија „Северна лига“ Матео Салвини искажано на повеќеилјадниот митинг во Рим, пренесува РИА „Новости“.  

Лидерот на СЛ, кој има проруска позиција и активно се залага против европските санкции  во однос на РФ, уште еднаш истакна дека санкциите претставуваат „неразумна работа“. Настапувајќи пред своите приврзаници кои, според оценките на организаторите, беа околу 100 илјади луѓе, лидерот на СЛ го нарече премиерот на земјата Ренци „пион“ и „слуга“ на Брисел.

Салвини дојде на чело на „Северната лига“ во декември 2013 година и во последно време стана познат во Европа и вон неа, пред сѐ, поради активната кампања против антируските санкции на ЕУ, како и по повиците да се кине единствената европска валута. Тој стана единствен партиски лидер на Италија кој отворено истапи за признавање на присоединувањето на Крим кон Русија. На Апенините политичарот е втор по популарност, веднаш зад премиерот на Италија Матео Ренци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња