Русија е подготвена да одбие нуклеарен напад

Руската војска за стратешки намени е подготвена да одбие нуклеарен напад при секакви услови, изјави началникот на Централниот команден пункт на РВСН Андреј Бурбин, а пренесува РИА „Новости“.

Руската војска за стратешки намени е подготвена да одбие нуклеарен напад при секакви услови, изјави во саботата, 28 февруари, началникот на Централниот команден пункт на РВСН Андреј Бурбин, а пренесува РИА „Новости“.

Доколку биде потребни да се изврши задача за одбивање на молскавичен нуклеарен напад, таа ќе биде извршена во дадениот рок – и тоа е апсолутно точно“, рече Бурбин во програмата на „Руска служба новостеј“. Според него, единиците на руската ракетна војска географски се распоредени на тој начин што никаков глобален удар не може да ги извади од строј РВСН.

Тој додаде дека е сигурен дека војниците на РВСН без двоумење и сомневање ќе ја извршат наредбата за примена на нуклеарното оружје, доколку се јави потреба.

Во февруари во 12 региони на Русија, од Тверската до Иркутската област, се одржаа маневри на РВСН во кои учествуваа над 30 ракетни полкови.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња