КПРФ во Москва одржа „Марш на празните џебови“

Комунистичката партија на Руската Федерација денеска организираше во Москва „Марш на празните џебови“.

Комунистичката партија на Руската Федерација денеска организираше во Москва „Марш на празните џебови“.

Основно барање беше оставка од владата која, според мислењето на насобраните, е виновна за кризата и „двојното осиромашување на населението“. Покрај тоа, комунистите побараа и воведување државен монопол врз продажбата на алкохол и тутун, како и национализација на природните ресурси.

Претседателот на московскиот градски комитет на КПРФ Валериј Рашкин од говорницата на митингот побара и „ратификација на членот 20 од Конвенцијата на ООН за борба против корупцијата“. „Ја доведоа земјата до ниво половина од годишниот буџет да се краде со мито и поткуп“, тврдеше тој.

Учесниците во акцијата тропаа со празни алуминиумски чинии и пуштаа црни балони. Како што објасни пратеникот во Московското градско собрание од КПРФ Андреј Кличков, бојата на балоните е одбрана затоа што „црната секогаш асоцира на умирање“.  

.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња