ИК: Пратеникот на украинскиот парламент го испрашуваат во врска со трагедијата во Одеса

Пратеникот во украинскиот парламент Алексеј Гончаренко го испрашуваат во врска со злосторство извршено врз државјанин на РФ во Одеса, соопштува прес-службата на Истражниот комитет на РФ.

Пратеникот во украинскиот парламент Алексеј Гончаренко кој беше приведен денес во Москва го испрашуваат во врска со злосторство извршено врз државјанин на РФ кога се случи трагедијата во Одеса, соопштува прес-службата на Истражниот комитет на РФ.

Гончаренко беше приведен пред маршот во спомен на Борис Немцов.

Како што истакнаа од ИК РФ, во полициската станица каде го испрашуваат Гончаренко,  пристигна истражителот на Главната истражна управа на ИК РФ кој го истражува делото за обид за убиство и  тортура на државјанин на РФ за време на трагичните настани во Одеса на 2 мај минатата година.

Гончаренко е познат по неговото активно учество во настаните во Одеса на 2 мај, кога како резултат на палењето на зградата на Домот на синдикатите загинаа десетици активисти на Антимајдан. Подоцна тој објавуваше фотографии од убиените и изгорените луѓе на Интернет. Во текот на настаните настрада државјанин на Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.