Грција бара Русија да дозволи увоз на портокали, јагоди и праски

Грчката влада бара Русија да го укине ембаргото за испорака на некои видови земјоделски продукти; доколку се согласи Русија, на пазарот можат да се вратат грчките портокали, јагодите и праските.

Грчката влада бара Русија да го укине ембаргото за испорака на некои видови земјоделски продукти; доколку се согласи Русија, на пазарот можат да се вратат грчките портокали, јагодите и праските. Како што соопшти Атинската новинска агенција, а пренесува РИА „Новости“, ова прашање беше дискутирано меѓу заменик-министерот за земјоделски развој на Грција Панајотис Згуридис и претставникот на руското Министерство за земјоделство Алексеј Алексеенко на средбата во Солун во рамките на меѓународната изложба на прехранбени производи.

По средбата Алексеенко вети дека ќе му испрати писмо на премиерот на Русија Дмитриј Медведев во кое ќе се заложи трите грчки продукти да бидат исклучени од листата на продукти кои се под руски санкции.

Згуридис изрази оптимизам дека барањето на Грција ќе биде задоволено. „Има многу големи шанси два-три продукта да бидат исклучени од списокот на санкции“, изјави тој. По воведувањето на ембаргото увозот на овошје и зеленчук од Грција во Русија се намали за повеќе од 40%.  Покрај ова, Грција би сакала да излезе на пазарот во Русија со испорака на животни и репродуктивен материјал (растенија и животни).

Вчера во саботата вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович потврди дека РФ засега не планира да ги повлече ограничувањата за увоз на прехранбени стоки од земјите кои вовеле санкции против неа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња