Русија стана „посериозна закана“ за Велика Британија. Како што пишува „Гардијан“, со вакво предупредување истапил поранешниот шеф на MИ-6 Џон Сауерс, кој беше на чело на тајната служба за разузнавање од 2009-2014 година.
Најголемиот проблем е во тоа што ние си имаме работа со Русија, која се чувствува себеси премногу незаштитена. Путин делува буквално како лидер кој смета дека залог е неговата сопствена безбедност“, изјави екс-шефот на британското разузнавање во своето неодамнешно интервју за Би-Би-Си Радио 4.
Според него, Русија постојано го потсетува Западот за своето нуклеарно оружје. Тој истакна: „Ние не сакаме да се повтори Кубанската криза од 1962 година, кога светот се наоѓаше на прагот на нуклеарна војна. Ние треба да го решаваме ова прашање со помош на интензивен дијалог“.
Во текот на своето интервју Сауерс исто така ја истакна потребата од зголемување на трошоците за одбрана, кои значително се намалија по завршувањето на студената војна: „Ние треба да имаме шанса да се справиме со таквите прашања како хибридната тактика која Русија првин ја употреби на Крим, а потоа во Донбас“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче