„Пред сѐ, сакам да им изразам длабоко сочувство не само на роднините, пријателите и блиските на Немцов, но и на сите нас. Очигледно, малку се санкциите, потребни се крвави провокации“, изјави Генадиј Зјуганов, претседател на КПРФ, а пренесува РИА „Новости“.
Според него, на партијата на власт смртта на Немцов апсолутно не ѝ оди во прилог. „Спроти Кремљ, во суштина, убиле државјанин на земјата, познат политичар не само во Русија, но и во светот“, рече тој, додавајќи дека „треба да се биде внимателен и многу претпазлив во ова време“.
Копретседателот на партијата „РПР-Парнас“, пратеникот во Јарославската обласна дума Борис Немцов беше убиен синоќа во центарот на Москва со четири истрели во грбот.
Формиран е оперативен штаб за истрага на убиството на Немцов, и отворена е кривична истрага за убиство по две точки.
Претседателот на владата Дмитриј Медведев ги повика органите на законот да сторат сѐ што е во нивна моќ да се најдат убијците на Борис Немцов. Премиерот исто така им изрази сочувство на роднините на загинатиот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.