Путин: Ќе биде направено сѐ организаторите и извршителите на убиството на Немцов да бидат казнети

Претседателот на Русија Владимир Путин увери дека ќе биде направено сѐ организаторите и извршителите на убиството на Борис Немцов да ја добијат заслужената казна, пренесе ТАСС.

Претседателот на Русија Владимир Путин увери дека ќе биде направено сѐ организаторите и извршителите на убиството на Борис Немцов да ја добијат заслужената казна. Шефот на државата испрати телеграма со сочувство до Дина Ејдман, мајка на убиениот политичар, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесе ТАСС.

„Почитувана Дина Јаковлевна, примете го моето најдлабоко сочувство во врска со Вашата ненадоместлива загуба. Искрено ја споделувам со Вас болката што Ве снајде“, истакна претседателот.

„Ќе биде направено сѐ организаторите и извршителите на подлото и цинично убиство да ја добијат заслужената казна“, изјави Путин.

Претседателот истакна дека „Борис Немцов остави своја трага во историјата на Русија, во политиката и општествениот живот“. „Нему му се падна да работи на важни функции во тешкиот транзициски период за нашата земја. Тој секогаш директно и чесно ја искажуваше својата позиција, го бранеше своето гледиште“, напомена Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња