Пушков: Меѓународното право стана предмет на манипулација

Меѓународното право стана предмет на манипулација и се поставува прашањето за негово почитување во Русија, изјави претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков, пренесува РИА „Новости“.

Меѓународното право стана предмет на манипулација и во врска со тоа се поставува прашање за негово почитување во Русија, изјави за новинарите претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков, пренесува РИА „Новости“.  

„Навистина се поставува прашањето: треба ли во целост да го применуваме меѓународното законодавство, дотолку повеќе што тоа стана предмет на манипулација. То ест меѓународните закони, но тие подлежат на толкување“, рече Пушков на враќањето во Москва по официјалната посета на спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин на Индија.

Според него, САД, „колепката на демократијата“, не ратифицираа многу меѓународни договори. „И зошто ние во оваа ситуација треба беспоговорно да ги следиме сите тие закони кои ги донесовме во 1990-тите години од политички причини – затоа што тогаш се обидувавме да го надминеме наследството од студената војна и максимално да се  зближиме со Европа. Но сега гледаме дека студената војна се води против нас, без оглед на сите конвенции што ги имаме потпишано и без оглед на сите обврски што ги имаме преземено“, истакна Пушков.

„Не треба да се апсолутизира меѓународното право – тоа е функција од политиката во значителна мера. И секогаш кога на САД и НАТО им требаше да го прекршат меѓународното право, тие го прекршуваа“, додаде парламентарецот.

Тој потенцираше дека европската законодавна база е „многу произволна: во однос на други држави се применува, во однос на други држави се добива впечаток дека не се применува“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.