Опозицијата се договори со управата на Москва за марш на жалост

Опозицијата се договори со управата на Москва за одржување марш на жалост утре, недела, по повод убиството на политичарот Борис Немоцв, соопшти за РИА „Новости“ членот на РПР-Парнас, опозиционерот Илја Јашин.

„Се договоривме со управата да одржиме во центарот на Москва марш на жалост. Се собираме кај метрото „Китај-город“ и одиме до мостот каде што се случи убиството“, рече Јашин.

Тој додаде дека маршот е закажан за 15.00. часот. Управата вети дека ќе помогне и ќе ги информира граѓаните. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња