МНР РФ очекува од Варшава објаснување за инцидентите со спомениците на советските војници во Полска

Русија очекува од полските власти официјално објаснување за инцидентите со спомениците на советските војници, кои се случија во последно време во Полска.

Русија очекува од полските власти официјално објаснување за инцидентите со спомениците на советските војници, кои се случија во последно време во Полска. Ова е соопштението на МНР РФ објавено на веб-локацијата на министерството.

Како што истакнаа од министерството, само во изминатиот месец беа осквернавени могилите на гробиштата на војниците на Црвената Армија во градот Калиш (Великополско војводство); скршена спомен-плочата на воините-ослободители во градот Александрув-Лоѕински (Лоѓинско војводство); оштетен споменикот на полските и советските падобранци во Љубуш (Великополско војводство) – на статуите на војниците беа извадени главите.

„Очекуваме од полската страна официјално објаснување за споменатите инциденти и цврсто бараме обезбедување на безусловно почитување на сите билатерални спогодби, како и примена на исцрпни мерки насочени кон пресекување и спречување на случаи на вандализам во иднина, барање и казнување на виновниците“, истакнаа од министерството.

Во МНР РФ исто така ги обвинија полските власти дека „активно се вклучиле во „војната со спомениците“ од Втората светска војна“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња