Познато е дека Немцов во последно време активно ја посетуваше Украина и се среќаваше таму си разни локални политичари и олигарси, претставници меѓу другото и на „партијата на војната“, пишува „Известија“.
„Тие можеле да му даваат средства за дестабилизација на ситуацијата во Украина. За тие пари украинските олигарси во целост можеле да очекуваат од Немцов поделба на руското општество“, раскажа извор.
„Меѓутоа, не само што не се случи поделба, ами напротив, се случи консолидација на руското општество. Сфаќајќи дека нема да се постигне резултат, спонзорите на Немцов можеле да го тргнат политичарот кој не успеа да ја исполни задачата“, рече тој.
Копретседателот на партијата „РПР-Парнас“, пратеникот во Јарославската обласна дума Борис Немцов беше убиен синоќа во центарот на Москва со четири истрели во грбот.
Истрагата работи на пет верзии за убиството. Како што претходно изјави претставникот на Истражниот комитет на Русија Владимир Маркин, „се проверува и верзијата поврзана со внатреукраинските настани. Не е тајна дека меѓу страните во конфликтот има многу радикални персони кои не се потчинуваат на никаква власт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче