Кадиров ги обвини западните тајни служби за убиството на Немцов

Убиството на Борис Немцов го организирале западните тајни служби, смета првиот човек на Чеченската Република Рамзан Кадиров на својот профил на „Инстаграм“.

Убиството на Борис Немцов го организирале западните тајни служби, смета првиот човек на Чеченската Република Рамзан Кадиров на својот профил на „Инстаграм“.

„Организаторите на убиството се надевале дека за убиството на Немцов целиот свет ќе го обвини раководството на земјата и дека тоа ќе предизвика бран на протести. Нема никакви сомнежи дека убиството на Немцов го организирале тајните служби на Западот кои се трудат на секој начин да предизвикаат внатрешен конфликт во Русија“, напиша Кадиров. 

Овен тоа, според зборовите на претседателот на Чеченија, во убиството на Немцов би можеле да бидат вмешани и украинските тајни служби.

„Не би требало да се заборави и омразата на Киев спрема Русија. Токму со рацете на украинските тајни служби можела да биде спроведена на дело смртната казна изречена за Немцов во некоја западна престолнина“, истакна Кадиров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња