Командантот на здружените вооружени сили на НАТО во Европа генералот Филип Бридлав изјави дека присоединувањето на Крим со Русија значително го изменило распоредот на силите во Црното море за НАТО и сега руското оружје го загрозува присуството на бродовите на Алијансата во овој регион, пренесува РИА „Новости“.
Според него, суштинските промени пред сѐ се поврзани со распоредувањето на руските противавионски системи со долг дострел на Крим, што директно го загрозува присуството на бродовите на НАТО во Црното море.
„Овие борбени системи, почнувајќи од противавионските ракетни системи кои досегаат речиси до половина од Црното море, завршувајќи со системите за напад на копнени цели кои се распоредени долж целиот негов брег, сето тоа создаде на Крим моќна отскочна штица за демонстрација на сила во регионот“, истакна командантот на НАТО во Европа.
Претходно во петокот, 27 февруари, беше соопштено дека раководството на НАТО одлучило недалеку од бугарскиот град Варна да го смести Командниот центар за бродовите на воената морнарица на НАТО.
На крајот на декември 2014 началникот на Генералштабот на Вооружените сили на РФ, генералот на армија Валериј Герасимов изјави дека на Крим е формирана комплетна група за ПВО која вклучува во себе бродови, ловци-пресретнувачи и копнени стационарни системи. Според него, формирањето на борбена група на Кримскиот полуостров претставувало еден од приоритетите за Генералштабот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче