Според мислењето на постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин, западните земји, особено Велика Британија и САД, се обидуваат да ја преработат Минската спогодба.
„Се случува тоа што ние, во глобала, и го очекувавме. Ние не бевме многу за одржување на оваа средба, затоа што се обидуваат да ја преработат Минската спогодба, некако да ги поучат ОБСЕ што да прават и да им наметнат нешто што излегува надвор од рамките на мандатот на мисијата на чело со Ертугрул Апакан“, го цитира рускиот постојан претставник РИА „Новости“. Дипломатот прецизираше дека таквите изјави дошле од САД и Велика Британија.
Вчера во Њујорк се одржа состанок на Советот за безбедност на ООН за ситуацијата во Украина, на кој говореа шефот на Специјалната мисија за мониторинг на ОБСЕ во Украина пратеникот Ертугрул Апакан и специјалниот претставник на претседателот на ОБСЕ во контакт-групата за Украина Хајди Таљавини. По нивните брифинзи седницата продолжи зад затворени врати.
Како што изјави Виталиј Чуркин, во текот на состанокот се слушнал предлог на мисијата на ОБСЕ да ѝ се даде контрола над целата руско-украинска граница, како и да им се дадат нови ресурси на членовите на набљудувачката мисија. Оваа проблематика, според мислењето на рускиот претставник, се наоѓа во доменот на Постојаниот совет на ОБСЕ, а не на Советот за безбедност на ООН.
„Постои Минската спогодба во која се третира прашањето за границата, постои соодветен мандат. Каква смисла има (да се дискутира за тоа) во Советот за безбедност. За да се влијае психолошки, да се одвлече вниманието“, смета Чуркин.
„Место да се повторува единствено дека треба да се престане со војување и да се реализираат Минската спогодба, пакетот-мерки и да се мандатот на ОБСЕ, се обидуваат да направат некаква каша“, додаде рускиот постојан претставник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче