Русија е подготвена да им даде на кинеските инвеститори контрола врз стратешките нафтени полиња

Владата на Русија е подготвена да ги разгледа барањата од кинески инвеститори за добивање контрола врз стратешките нафтени полиња со исклучок на Арктичкиот гребен, изјави денеска вицепремиерот Аркадиј Дворкович на Краснојарскиот економски форум, а пренесува „Интерфакс“.

Владата на Русија засега нема добиено барања од кинески инвеститори за добивање контрола врз стратешките нафтени полиња, меѓутоа е подготвена да ги разгледа таквите предлози, со исклучок на Арктичкиот гребен, изјави денеска вицепремиерот Аркадиј Дворкович на Краснојарскиот економски форум. Веста ја пренесува „Интерфакс“.

„Доколку има барање, ние сериозно ќе го разгледаме, јас не гледам политички пречки“, рече тој, одговарајќи на прашањето за достапот на Кина до стратешките нафтени полиња на Русија.

„За стратешките нафтени полиња сѐ уште немаше такви барања. Можеби и поради тоа што нашите кинески пријатели сфаќаат дека покомфорно е да се работи во партнерство 50 на 50 или 51 на 49“, истакна вицепремиерот.

Притоа, според него, тука е и посебната тема за гребенот, каде кинеските партнери се канат во својство на малцински инвеститори.  Но за други нафтени полиња такви ограничувања нема, потенцираше Дворкович. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.