Рособрнадзор за изминатите 1,5 година им ги одзеде лиценците на 600 високообразовни установи и филијали кои работеле незаконски, соопшти заменик-раководителот на агенцијата Александар Бисеров, соопшти INTERFAX.RU.
„На почетокот на септември 2013 година во Русија работеа околу 2,5 илјади филијали и високообразовни установи кои реализираа високообразовни програми. За 1,5 година бројот на овие организации се намали за 600. Точно толкав е бројот на оние што ги избришавме од регистарот. Тоа се оние високообразовни установи и филијали кои не се способни да организираат квалитетен образовен процес“, изјави Бисеров.
Според него, во 2014 година биле проверени 624 високообразовни установи и филијали, а од регистарот биле исклучени 357 организации.
Тој истакна дека многу прекршоци се поврзани со работата на наставничкиот кадар.
„Многу често наставниците кои работат во тие високообразовни установи не поднесуваат никаква критика. Работните договори се склучуваат со нив без проверка за осудуваност, се назначуваат наставници без оглас, често се назначуваат луѓе без соодветна квалификација, во еден случај не можевме да ја провериме дипломата за високо образование на еден ректор“, истакна Бисеров.
Тој истакна дека забелешки има и за опремата за предавалните, лабораториите и библиотеките.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче