Наришкин: Санкциите на САД против РФ се обид да се оправда вината за настаните во Украина

Економските санкции на САД против Русија се обид да си ја оправдаат вината за настаните во Украина, изјави спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин на состанокот по повод руско-индиската соработа во рамките на БРИКС во Њу Делхи, пренесува агенцијата ТАСС.

Економските санкции на САД против Русија се обид да си ја оправдаат вината за настаните во Украина, изјави спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин на состанокот на тркалезната маса по повод руско-индиската соработа во рамките на БРИКС во Њу Делхи, пренесува агенцијата ТАСС.

Според него, „таканаречените економски санкции од САД и низа нивни земји-сателити“ се преземени „делумно за да си ја оправдаат вината за настаните кои, за жал, се случуваат во Украина, за кризата што ја преживува таа земја“. „Вината на САД за тие настани е суштинска и очигледна за целиот свет“, истакна тој.  

Спикерот на Думата смета дека дефинитивно враќање на мирот во Украина е можно само со политички дијалог со учество на сите политички сили и региони во земјата.  

„И секако, стожер и центар на тој дијалог треба да биде прашањето за уставната реформа и моделот на државното уредување. Како и да се нарекува тој модел – федерализација, или со некаков друг термин, - треба да стане збор за суштинска децентрализација на власта", изјави тој одговарајќи на прашањата на новинарите.

Притоа тој наведе дека „во светот има богато искуство во постоењето на држави со таков модел, вклучувајќи ги и Русија и Индија“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња