МНР РФ му вети на Вашингтон болен одговор на санкциите

Москва ќе биде подготвена да одговори на евентуалните нови санкции на САД, изјави заменик-министерот на МНР РФ Сергеј Рјабков, пренесува „Интерфакс“.

Москва ќе биде подготвена да одговори на евентуалните нови санкции на САД. Ова го изјави заменик-министерот на МНР РФ Сергеј Рјабков, пренесува „Интерфакс“.

„Ние ги задржуваме за себе сите опции кои беа применети и, доколку треба, ќе бидат применети мошне болни контрамерки. Ние ја продолжуваме подготовката за можните нови санкции, притоа не гледаме врска меѓу американските активности во сферата на санкциите и она што се случува во реалноста, во светот околу нас. Тоа се две сфери кои немаат ништо заедничко“, изјави Рјабков.

Според зборовите на заменик-министерот на МНР РФ, Москва не планира однапред да ги објавува своите активности. Тој истакна дека „не е иста ситуацијата кога апсолутно секогаш се применува принципот „око за око“, иако понекогаш и треба реципроцитет“.

На 25 февруари американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД се подготвени да воведат вонредни антируски санкции поради „настаните на истокот на Украина кои заслужуваат одговор“. Притоа дипломатот не одговори кога биле подготвени и во што се состојат овие мерки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.