27 февруари во Русија ќе биде Ден на силите за специјални операции

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша указот за прогласување на Денот на силите за специјални операции кој ќе се одбележува на 27 февруари, пренесува ТАСС.

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша указот за прогласување на Денот на силите за специјални операции кој ќе се одбележува на 27 февруари. Документот е објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации.  

„Да се прогласи Ден на силите за специјални операции и да се одбележува на 27 февруари“, се вели во документот што го пренесува ТАСС.

Указот влегува во сила на денот на неговото потпишување.

Началникот на Генералштабот на ВС РФ генералот на армија Валериј Герасимов  речиси пред две години соопшти дека Министерството за одбрана пристапило кон формирање Сили за специјални операции.

„Откако ја проучивме тактиката на формирање, обука и примена на силите за специјални операции на водечките држави во светот, раководството на Министерството за одбрана исто така пристапи кон нивно формирање“, изјави тој, настапувајќи во Москва пред воени аташеи на странски држави.

Според зборовите на Герасимов, искуството од војните и воените конфликти во  XXI век покажува растечка улога на силите за специјални операции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња