Политиколог: Путин има стратегија за враќање на поранешната моќ на Русија

Политиката на Путин за кревање на авторитетот на Русија во светот го прави победник во очите на луѓето, смета Алистер Кемпбел, поранешниот прес-секретар на Тони Блер, во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Политиката на Путин за кревање на авторитетот на Русија во светот го прави победник во очите на луѓето, смета Алистер Кемпбел, поранешниот прес-секретар на Тони Блер, во интервју за Си-Ен-Би-Си. 

Кемпбел раскажа и за својата книга. „Интересно, кога разговаравме со издавачот за тоа чии имиња треба да бидат на обвивката на книгата, тоа беше името на Владимир Путин, затоа што, се плашам, независно од тоа дали ни се допаѓа или не, но тој е – победник“, раскажа политикологот.

Во книгата на Кемпбел се раскажува што се случило во Бризбејн во текот на самитот на Г20. Како што е познато, рускиот лидер не остана на финалната вечера. Путин тогаш изјавил: „Јас сум единствениот човек во оваа соба кој има стратегија, а сите вие имате тактика“. И токму тоа го прави неговиот лик различен од останатите политички лидери, смета авторот на книгата. Освен Путин, единствено Ангела Меркел има стратегија.   

„Мислам дека долгорочната цел на Путин е да ги врати руската моќ и руската сила. Тоа е и неговата стратегија – враќањето на руската моќ и руската сила. И тој се пробива толку далеку, колку што само тој може“, објасни британскиот политиколог. Путин има јасна претстава за својата стратегија.

Претходно поранешниот кандидат за претседател на Франција Филип де Вил ја повика Европа на соработка со Владимир Путин за да изградат „Голема Европа“ од Атлантикот до Урал.

„Сфатив дека Русија е длабоко европска земја. Целата нејзина култура, целата нејзина елита и целиот нејзин народ гледа во Европа. Солженицин ми зборуваше: Не правете грешки и не вртете ѝ грб на Русија... (...) Јас сфатив дека Путин е вистински шеф на државата“, изјави тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња