Европската унија поднесе тужба во СТО против Русија

ЕУ побара да се свика панел на арбитри во СТО за разрешување на спорот со Русија за „прекумерни“ увозни царини, се вели во информацијата на Европската комисија која ја пренесува РИА „Новости“.

ЕУ побара да се свика панел на арбитри во СТО за разрешување на спорот со Русија за „прекумерни“ увозни царини, се вели во информацијата на Европската комисија.

„Европската унија побара денес формирање на панел за разрешување на споровите во Светската трговска организација во Женева за прекумерни увозни царини, особено, на хартиеното производство, ладилниците и палминото масло“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

На крајот на октомври ЕУ поднесе во СТО тужба против РФ по прашањето на тарифите за земјоделските и индустриските производи. Согласно СТО, ЕУ ја обвини РФ за наметнување повисоки тарифи за некои производи за разлика од оние што се предвидени од организацијата. Особено станува збор за хартија, картон, палмино масло и негови  фракции, ладилници и фрижидери.

Според мислењето на Европската комисија, Русија ги покачува царините за увозните производи. ЕК укажува дека увозната царина за хартиени производи увезувани во земјата изнесува 15% место 5%. Се истакнува дека во случајот со ладилниците и палминото масло РФ утврдува минимална сума за исплата која се определува независно од усогласената царинска давачка, утврдена во зависност од вредноста на производот.

Високите царини имаат негативно влијание на европскиот извоз на хартиени производи, ладилници и палмино масло во обем од 600 милиони евра годишно. ЕК информира дека непочитувањето на обврските за тарифите исто така претставува прекршување на еден од основните принципи на СТО.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња