Вашингтон ќе ги заостри санкциите против Русија во наредните денови, изјави на седницата на Комитетот за меѓународни прашања на американскиот конгрес државниот секретар на САД Џон Кери.
Еден од сенаторите постави прашање за посетата на САД од страна на директорот на ФСБ на Русија, претседателот на антитерористичкиот комитет Александар Бортников, кој минатата недела учествуваше на самитот за борба против екстремизмот во Вашингтон, пренесува ТАСС.
„Нови санкции можат да бидат уведени против Русија во текот на наредните неколку дена“, изјави Кери, додавајќи дека на листата за санкции би можел да биде ставен и Бортников“.
Кери изјави дека доброволците на југоистокот на Украина се „дополнителни сили на руската војска“. Според него, „испораката на оружје за Киев активно се разгледува поради агресивното кршење на Минскиот договор“.
Тој смета дека „санкциите кои ги воведоа САД и Европа извршија значително влијание на руската економија“. „Русија ќе се соочи со последиците од својот избор, меѓу другото и со рецесија на својата економија“, изјави Кери.
Вашингтон го смета однесувањето на Москва како неприфатливо за меѓународната заедница.
„САД немаат намера да ја играат таа игра, заедно со сојузниците ја разгледуваме можноста за воведување дополнителни санкции. Однесувањето на Русија апсолутно не соодветствува на принципите на меѓународната заедница“, рече Кери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче