Путин: прекинот на снабдувањето со гас за ДНР и ЛНР мириса на геноцид

Владимир Путин го спореди прекинот на снабдувањето со гас за самопрогласените Донецка и Луганска република со геноцид, пренесува INTERFAX.RU.

Никакви прекршувања на договорот за гас со Украина од страна на „Гаспром“ нема, изјави претседателот на Русија Владимир Путин. Тој го спореди прекинот на снабдувањето со гас за самопрогласените Донецка и Луганска република во време на тешка хуманитарна ситуација со геноцид, пренесува INTERFAX.RU.

„Гаспром“ го реализира договорот потпишан во 2009 година и анексите на договорот од октомври минатата година. Во целосна согласност со овој договор, во рамките на авансот се испорачува гас за Украина во обемот потребен на Украина“  рече Путин одговарајќи на прашањето на „Интерфакс“ по повод конфликтот на руската компанија со „Нафтогас на Украина“.

„Јас знам дека таму живеат околу 4 милиони луѓе. Замислете си дека сите тие луѓе ќе останат без снабдување со гас во зимска сезона. Малку е што таму веќе владее глад, и без тоа ОБСЕ констатираа дека таму има хуманитарна катастрофа, па уште и да им го исклучат снабдувањето со гас. Како се вика тоа, тоа веќе мириса на геноцид“, рече Путин.

Почнувајќи од 19 февруари, откако „Нафтогас“ ја прекина испораката на гас за самопрогласените Донецка и Луганска народна република, „Гаспром“ директно испорачува гас во обем од 12 милиони кубни метри за републиките. „Гаспром“ ги смета овие испораки како дел од договорот со „Нафтогас“, но „Нафтогас“ не ги пресметува овие обеми, по што како резултат доаѓа до различна пресметка.  

Првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер претходно изјави дека Украина не уплатила аванс за гасот за март и форсира повлекување на средствата за тековната исплата  - ова создава ризик за предвремено расходување на авансот и прекин на испораката, што пак претставува закана за транзитот на гориво за ЕУ.

„Нафтогас“ на тоа одговори  дека одбива да уплати дополнителен аванс за испорака на руски гас сѐ додека не биде сигурен дека „Гаспром“ ги почитува своите договорни обврски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.