Пентагон: Санкциите на Западот не успеаја да ја сменат политиката на Русија

Санкциите на Западот против Русија не ги менуваат руската политика и развојот на настаните на теренот, признаа денес командантот на вооружените сили на САД и НАТО во Европа генерал Филип Бридлав и заменик-министерот за одбрана на САД Кристин Вормут, пренесува ТАСС.

Санкциите на Западот против Русија не ги менуваат руската политика и развојот на настаните на теренот, вклучително и зоната на конфликт во Украина. Ова го признаа денес, зборувајќи на сослушувањата во Конгресот на САД, командантот на вооружените сили на САД и НАТО во Европа генерал Филип Бридлав и заменик-министерот за одбрана на САД Кристин Вормут, пренесува ТАСС.

„Ние сме согласни дека (санкциите) засега не го менуваат тоа што го прави Русија“, рече Вормут одговарајќи на прашањето за ефективноста на санкциите.

Бридлав беше запрашан исто така и за „воените опции“ за дејствување на САД и НАТО во моменталната ситуација. Тој одговори дека Запад „засега стави на маса пред сѐ несмртоносна помош“, иако сега се разгледува и можноста за смртоносна помош“.

Другите земји самите ги носат своите одлуки во наведената сфера, потсети тој, наведувајќи ја како пример Канада, која започна со обука на украинската војска. Војската на САД од своја страна е зафатена, според него „со обука и инструкции“ во односите со украинските партнери. Како пример тој ја наведе одлуката да се испратат во Украина американски медицински инструктори.

На прашањето за тоа „дали се исцрпени шансите за несмртоносна поддршка“ на Украина, Бридлав одговори одречно. Но ова прашање е поврзано со дискусијата за смртоносна помош, истакна тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња