„Независно дали се работи за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други места: Грузија, Молдавија, Приднестровје – тие се на линијата на огнот“, изјави Државниот секретар на САД Џон Кери, одговарајќи на прашање на новинар за сѐ поголемото влијание на Русија во Европа, пренесува РИА „Новости“.
„Се обидуваме да ги убедиме луѓето дека не сакаме да водиме борба со Русија до конечна победа“, додаде Кери.
Тој ја обвини Русија дека неточно го прикажува своето учество во настаните во Украина.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за ВГТРК, коментирајќи ги „обидите да се надува конфликтот“ меѓу Русија и Украина, обрати внимание на изјавите на највисоките функционери на Украина, меѓу другото и на претставниците на украинската армија. „Како кажа началникот на генералштабот, ние не војуваме против руската армија. И, треба ли уште нешто?“ – реторички запраша претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче