Анкета во Русија: Испораката на оружје од САД за Украина може да доведе до светска војна

42% Руси сметаат дека „може да се разгори светска војна“, ако Американците почнат да ја вооружуваат Украина, ја пренесува ТАСС анкетата на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ)..

Доколку Соединетите Американски Држави почнат да ја вооружуваат украинската армија, „може да се разгори светска војна“, сметаат 42% Руси. Ова се резултатите од анкетата на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) објавени денеска, пренесува ТАСС.

Испораката на американско оружје „ќе доведе до продолжение на граѓанската војна и зголемување на бројот на жртви“, сметаат 18% испитаници. Според убедувањето на третина Руси (35%), главен мотив за САД за реализација на испораката на оружје за Украина може да биде намерата за отпочнување воени дејствија.

Секој четврти учесник во анкетата (23%) е убеден дека во случај на испорака на американско оружје за Украина Русија не треба да презема никакви дејства. Оние кои предлагаат да се реагира на некаков начин, најмногу зборуваат за „потребата да им се даде помош на бунтовниците од Донбас“ (14%).

Во анкетата на ВЦИОМ од 14-15 февруари учествувале 1600 лица во 46 региони на РФ, области, краишта и републики на Русија. Статистичката грешка не е повисока од 3,5%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња