Амбасадата на РФ во Македонија приреди прием по повод Денот на бранителот на татковината

Вчеравечер во хотелот Континентал во Скопје Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија приреди прием по повод 23 февруари, Денот на бранителот на татковината.

Вчеравечер во Кристалната сала на хотелот Континентал во Скопје Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија приреди прием по повод 23 февруари, Денот на бранителот на татковината.

На приемот беа присутни голем број лица од политичкиот, општествениот, образовниот и од културниот живот на Република Македонија, а исто така и од македонскиот воен ресор. Исто така домаќините беа почестени и со присуството на претставници на воениот ресор од повеќе странски амбасади во Република Македонија, меѓу кои и од земји-членки на Европската Унија, што е доволен знак дека билатералните односи не се сосема прекинати.

Приемот беше можност на достоинствен начин да биде одбележан Денот на бранителот на татковината и во Република Македонија, но и за разменување мислења и за разговори помеѓу посетителите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња