Во Јакутија најден труп на младенче на крзнен носорог

Научниците во Јакутија открија остатоци од младенче на крзнен носорог, информира ТАСС.

Научниците во Јакутија открија остатоци од младенче на крзнен носорог кој живеел на крајот на последниот леден период (плеистоцен). За откритието информира ТАСС.

Според зборовите на вработени на Академијата на науки на Република Саха (Јакутија), ова е единствениот таков примерок на светот. Трупот го нашле ловци во Абијскиот реон на републиката, над арктичкиот круг уште во септември 2014 година, меѓутоа во Јакутск носорогот бил донесен дури во февруари. Младенчето било наречено Саша – во чест на ловецот кој го нашол трупот.

Трупот на животното е половина изглодан, сепак зачувани се черепот, мекото ткиво, забите. За определување на точната возраст остатоците од носорогот се испратени надвор од границите на републиката.

Крзнениот носорог (Coelodonta antiquitatis) живеел во тундрите на Европа и Азија во плеистоценот и раниот холоцен. За основни причини за неговото изумирање се сметаат промената на климата и промените поврзани со неа во составот на флората. Крзнениот носорог бил покриен со густо и долго крзно. Бил исклучително тревопасно животно кое се хранело главно со тревни растенија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња