Украина ја обвини Русија за прекршување на распоредот за испорака на гас

„Нафтогас на Украина“ тврди дека Русија не го исполнила барањето за испорака од 22 февруари 2015 година на претходно платен гас.

„Нафтогас на Украина“ тврди дека Русија ја прекршила Бриселската спогодба откако не го исполнила барањето за испорака од 22 февруари 2015 година на претходно платен гас. Според соопштението, објавено вчера на веб-локацијата на украинската компанија, место нарачаните во рамките на договорот 114 милиони кубни метри гас, „Гаспром“ испорачал само 47 милиони.

Во Киев сметаат дека на тој начин „Гаспром“ го прекршил како договорот, така и трилатералниот правно обврзувачки  протокол потпишан на 30 октомври минатата година во Брисел од министерот за енергија на Русија Александар Новак, еврокомесарот за енергија Гинтер Етингер и министерот за енергија на Украина Јуриј Продан.

Од Нафтогас тврдат дека на 19 февруари поднеле барање за 114 милиони  кубни метри гас, истовремено „Гаспром“ бил обврзан безусловно да го испорача нарачаниот обем не подоцна од два дена по добивањето на барањето. Притоа украинската страна на 19 февруари уплатила аконтација за 454 милиони кубни метри гас, меѓутоа „на почетокот на 23 февруари претплатниот биланс изнесува 287 милиони кубни метри“, изјавуваат од компанијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња