Рјабков: Русија ќе биде принудена да реагира доколку САД почнат со испорака на оружје за Украина

Испораката на оружје за Украина ќе направи ситуацијата на југоистокот на земјата да експлодира, а Русија ќе мора да реагира, изјави вчера заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.

Испораката на оружје за Украина ќе направи ситуацијата на југоистокот на земјата да експлодира. Русија нема да ги остави таквите дејства без должното внимание.  Ова го изјави вчера заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.

„Тоа би бил најсилниот удар за Минскиот договор, би направило да експлодира ситуацијата“, изјави тој.

„Ние нема да останеме рамнодушни на таквите провокации, ќе бидеме принудени да реагираме соодветно“, додаде Рјабков.

„Дали им треба тоа на тие кои божем повикуваат на нормализација на ситуацијата во Украина? Имам сериозни сомневања. Луѓето можат да покажуваат неодговорност за своите постапки, но треба да има граница за ова лудило – поттикнувањето војна од страна на Киев“, потенцираше тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња