„Нормандиската четворка“ ќе ја продолжи мисијата на ОБСЕ во Украина

Министерот на МНР РФ Сергеј Лавров изјави денес дека учесниците во разговорите на „Нормандиската четворка“ на ниво на министри за надворешни работи се договориле земјите што поскоро да го продолжат мандатот на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина.

Министерот на МНР РФ Сергеј Лавров изјави денес дека учесниците во разговорите на „Нормандиската четворка“ на ниво на министри за надворешни работи се договориле земјите што поскоро да го продолжат мандатот на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина.

„Ние го повикавме ОБСЕ во соработка со заедничкиот центар за контрола и имплементација да обезбеди помош во процесот на повлекување на тешкото вооружување и изразивме надеж, како што порачаа лидерите на 12 февруари во Минск, нашите земји во Виена во најкраток можен рок да го продолжат мандатот на специјалната набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, да ѝ се додели дополнителен кадар, дополнителна опрема и дополнителни средства“, изјави Лавров.

Претходно, постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин изјави дека Русија е задоволна од работата на набљудувачите на ОБСЕ на граничните премини „Донецк„ и „Гуково“ и дека претставниците на мисијата потврдуваат дека нема движење на руската војска.

„Во целост сме задоволени од работата на набљудувачите на ОБСЕ на руско-украинската граница – на граничните премини „Донецк“ и „Гуково“. Тие ја регистрираат реалната состојба со бегалците и, наспроти измислиците, го потврдуваат отсуството на движење на руска војска“.

Прашањето за проширувањето на присуството на набљудувачите на границата треба де се решава со учество на претставници на ДНР и ЛНР, смета постојаниот претставник на РФ.

Русија исто така ја поздравува работата во Украина на специјалната мисија за мониторинг во ОБСЕ.  „РФ позитивно ги оценува напорите на ОБСЕ за изнаоѓање решение за конфликтот во Украина. Контакт-групата со учество на специјалниот пратеник Хајди Таљавини успева да постигне позитивни резултати“, истакна Чуркин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња